Рецепт за сите погодности.
Верувам дека скоро во секое домаќинство барем еднаш се има случено кората на јаболките да стане збрчкана или пак да се појават неубави темни дамки. Во тој случај некој мора да се „жртвува„ и да ги изеде, а кој е тоа во нашата фамилија, може да погодите.
Сакам да јадам јаболка, но не ми се допаѓаат кога се веќе презреани. Денес баш видов дека имавме голема количина јаболка во фрижидерот. Затоа потребен беше рецепт од рубриката „Искористување на остатоци„.
Кај нас дома имаме еден голем љубител на марципан, којшто можам да го израдувам со пригоден рецепт. Освен тоа имав уште од „мармаладот од кајсии со марципан„ па можев да искористам една тегличка за овој рецепт.
Во фрижидерот исто така имав и едно пакување тесто со квасец и затоа морав само уште да смислам, како сето тоа да го искомбинирам. Сега сакам да Ви го покажам резултатот.
Информации за состојките
За подготовка на моите рецепти се обидувам да користам органски производи што е можно повеќе во моментот.
Рецепт
Штрудла со извонреден фил од јаболки и марципан
Состојки
Состојки за една штрудла:
- 1 пакување тесто со квацес (37х25 цм)
- 4-5 јаболка (околу 400 гр, изрендани)
- 2 лажици шеќер од сурова шеќерна трска
- 50 мл Калвадос (ликер од јаболко или како замена може сок од јаболко)
- 100 гр марципан (сурова маса)
- 1 пакување ванилин шеќер
- 40 гр бадеми (сецкани)
- 1 жолчка
- 200 гр мармалад од кајсии со марципан
- 1 лимета (сок)
Подготовка
- Развлечете го тестото со квасец, хартијата за печење нека остане долу, и оставете го на страна да отстои на собна температура.1 пакување тесто со квацес
- Исечете ја суровата маса марципан на мали парчиња.100 гр марципан
- Исцедете го сокот од лиметата.1 лимета
- Излупете ги јаболките, отстранете ги семките и потоа изрендајте ги во соодветен сад.4-5 јаболка
- Исцедениот сок од лимета и ванилиниот шеќер посипете го врз изренданите јаболка и промешајте ја смесата.4-5 јаболка, 1 лимета, 1 пакување ванилин шеќер
- Во едно големо тавче на шпорет распоредете го шеќерот од сурова шеќерна трска и оставете го да се карамелизира.2 лажици шеќер од сурова шеќерна трска
- Кога шеќерот ќе премине во течна состојба, додајте ги изренданите јаболка, измешајте ги со шеќерот и оставети ги да подинстуваат.2 лажици шеќер од сурова шеќерна трска, 4-5 јаболка
- Додајте Калвадос, или пак сок од јаболко, парчињата марципан и исецканите бадеми и промешајти ги сите состојки. Оставете ги да динстуваат сѐ додека целата течност не испари. Потоа оставете го филот да се олади.50 мл Калвадос, 100 гр марципан, 40 гр бадеми
- Премачкајте го тестото со мармаладот од кајсии, а притоа оставете едно мало делче празно во горниот дел.200 гр мармалад од кајсии со марципан
- Распоредете го филот од јаболки рамномерно, а сега оставете горе еден дел празен околу 5 цм.
- Потоа со помош на хартијата од доле спрема нагоре намотајте го тестото во ролна. Со прстите затворете ја штрудлата од страните, за да не се излие филот. Во плехот за печење поставете ја хартијата за печење и ставете ја штрудлата со преклопот завтрен надоле. За таа цел јас ја користам хартијата од пакувањето.
- Боцнете ја штрудлата со вилушка од горе и од страните.
- Премачкајте ја штрудлата со изматената жолчка и оставете ја да стаса уште 30 мин.1 жолчка
- Загрејте ја рерната на 180°C.
- Откако тестото ќе стаса ставете ја штрудлата со јаболки во рерна и печете ја 30 мин.
- После 30 мин кога штрудлата ќе добие златно-кафена боја и кога ќе почувствувате одличен мирис, извадете ја од рерна и сокријте ја! Сокријте ја од гладните усти, што не можат да дочекаат дур не е целосно спремна😉 .
- Почекајте да се олади, декорирајте ја и сервирајте ја.
Забелешка
- Домашниот мармалад од кајсии со марципан може да го замените со обичен мармелад од кајсии.
- Доколку сакате може да ја сервирате штрудлата со шеќер во прав или пак со сос од ванила. Исто така и топка сладолед од ванила се вклопува совршено. Сигурно има и такви, коишто би се одлучиле за комбинација од сите три можности.
Информации за исхрана
На Вашето семејство и пријателите ќе им сервирате извонредна штрудла со јаболка со голема разновидност на вкусови.
Уживајте при приготвувањето и добар апетит!
Ако ви се допадна мојот рецепт, имам соодветни рецепт идеи за вас:
- Торта од пудинг, кекс и банана
- Чоколадни макарони со карамелизирано јапонско јаболко
- Штрудла од тиква, јаболка и брусница
- Чизкејк со мармалад од домати
- Торта од лиснато тесто со цреши
Пријатен ден ви посакува Бела Кујна.
Оставете Одговор