Чизкејк со мармалад од домати

Cizkejk so marmalad od domati-Recept-bellakujna

Моја варијанта на еден стар рецепт.

Најстариот колач на светот? Кој ли е тој? Со прилично голема сигурност може да се каже дека тоа е чизкејкот! Првите познати преданија за чизкејкот потекнуваат уште од античко време. Римјаните некаде околу 100 година п.н.е. го нарекувале својот колач од сирење Savillum, а за него постојат рецепти и ден денес.

Cizkejk so marmalad od domati-Torti-bellakujna

Низ вековите се подготвувал чизкејк, меѓутоа тој бил распространет поинаку од регион до регион. Околу 1900 година колачот бил подготвуван во многу домаќинства во Рајнската област, Ајфел, Сар, Шлезија и во Судетската област, додека на пример во северозападна Германија тој имал само подредена улога.

Според начелата на германската книга за храна, колачот од кварк (млечен производ сличен на филаделфиа) или чизкејкот е печиво, што главно се прави од кварк или друго несолено крем сирење, јајца, млеко и шеќер.

Cizkejk so marmalad od domati-Receptidei-bellakujna

Како што е случај и со секое познато јадење, денес постојат голем број на  варијанти на првобитниот рецепт како на пр. со или без кора, со кора од месено тесто за колач, со тесто од квасец или трошки од бисквити, со прелив или без, со овошје или не итн. Значи оваа листа може да се продолжи до недоглед. За да не должам многу, сега ќе Ви го претставам мојот нов рецепт. Она што го прави уникатен овој рецепт е „Мармаладот од домати“.

Информации за состојките

За подготовка на моите рецепти се обидувам да користам органски производи што е можно повеќе во моментот. 

Рецепт


Cizkejk so marmalad od domati-Recept-bellakujna

Чизкејк со мармалад од домати

Чизкејк со мармалад од домати, моја варијација на древниот рецепт, мек чизкејк, сладок прелив од домати врз меката кора од какао.
Припрема 25 minutes
Печење 55 minutes
Вкупно 1 hour 20 minutes
Порции 8 Порции
Калории за 1 Порција 662.3

Состојки
  

Состојки за тава со Ø 28 см

За кората

  • 250 г бисквити со какао
  • 150 г путер (на собна температура)
  • 50 г бадеми (мелени)
  • 70 г Мусковадо шекер (алтернативно кафен шеќер)

За кремот

  • 200 г бело чоколадо
  • 400 г крем сирење
  • 5 јајца (големина М)
  • 2 пакетче ванилин шеќер

За преливот

Подготовка
 

  • Ставете ги бисквитите во голема кесичка за замрзнување и изгмечете ги со сукало. Ако сакате, можете да користите и сецкач и да ги смелете бисквитите.
    250 г бисквити со какао
  • Стопете го путерот или во тенџере на пареа или во микробранова.
    150 г путер
  • Ставете ги бисквитите, шеќерот и бадемите во голем сад, прелијте ги со путерот и замесете сè заедно додека не добиете мазна маса.
    250 г бисквити со какао, 50 г бадеми, 70 г Мусковадо шекер, 150 г путер
  • Скршете го белото чоколадо на парчиња, ставете го во сад и стопете го над пареа.
    200 г бело чоколадо
  • Одделете ги белките од јајцата и изматете ги дур не добиете шлаг.
  • Додадете го крем сирењето и ванилиниот шеќер во садот со растопеното чоколадо и промешајте сè додека не добиете смеса со подеднаква густина.
    400 г крем сирење, 2 пакетче ванилин шеќер
  • Додадете ги жолчките во чоколадниот крем и убаво измешајте.
  • Потоа додадете го шлагот од белките и внимателно промешајте.
  • На дното на тавата ставете хартија за печење и премачкајте ги страните со путер.
  • Загрејте ја рерната на 160°C со вентилација (без на 180°C).
  • Истурете ја смесата за кората во формата ѕа печење, распоредете ја рамномерно и притиснете надолу.
  • Посипете го кремот одозгора, измазнете го и со тавата внимателно удрете врз работната маса, за да може кремот да налегне и да излезе воздухот.
  • Ставете го чизкејкот во загреана рерна да се пече околу 55 минути.
  • Кога ќе добие прекрасна златно-кафеава боја, извадете го од рерна и оставете го да се олади.
  • Кога ќе се олади, извадете го од формата.
  • Измешајте го мармаладот од домати со сокот од портокал и загрејте ја смесата малку, за да џемот стане течен.
    250 г мармалад од домати, 2 лажици сок од портокал
  • Распоредете го мармаладот врз чизкејкот.
  • Потоа оставете го да се олади.
  • Украсете го прекрасниот чизкејк со мармалад од домати како што сакате, денес јас тоа го направив во антички стил, и потоа послужете.
    Cizkejk so marmalad od domati-Serviranje-bellakujna

Забелешка

  1. Наместо мармалад од домати, може да користите било каков друг мармалад.
  2. Ако сакате, може да користите и нормални бисквити со путер, наместо бисквити со какао.
Јадење Десерти, Торти
Потекло Германија

Информации за исхрана

Калории: 662.3kcal | Јаглехидрати: 68.3g | Протеини: 12.7g | Масти: 37.2g
Дали сте го пробале рецептот?Споменете го @bellakujna или користете го хаштагот #bellakujna!

На семејството и на гостите ќе им сервирате чизкејк со прекрасен вкус и одлична конзистенција.

Cizkejk so marmalad od domati-Desert-bellakujna

Уживајте при печењето и добар апетит!

Ако ви се допадна мојот рецепт, имам соодветни рецепт идеи за вас:

  1. Штрудла од тиква, јаболка и брусница
  2. Торта од лиснато тесто со цреши
  3. Toртa од тиква со тестени трошки и кремаст пудинг од ванила
  4. Торта од пудинг, кекс и банана
  5. Торта од лиснато тесто со цреши

Пријатен ден ви посакува Бела Кујна.