Ставете ги бисквитите во голема кесичка за замрзнување и изгмечете ги со сукало. Ако сакате, можете да користите и сецкач и да ги смелете бисквитите.
250 г бисквити со какао
Стопете го путерот или во тенџере на пареа или во микробранова.
150 г путер
Ставете ги бисквитите, шеќерот и бадемите во голем сад, прелијте ги со путерот и замесете сè заедно додека не добиете мазна маса.
250 г бисквити со какао, 50 г бадеми, 70 г Мусковадо шекер, 150 г путер
Скршете го белото чоколадо на парчиња, ставете го во сад и стопете го над пареа.
200 г бело чоколадо
Одделете ги белките од јајцата и изматете ги дур не добиете шлаг.
Додадете го крем сирењето и ванилиниот шеќер во садот со растопеното чоколадо и промешајте сè додека не добиете смеса со подеднаква густина.
400 г крем сирење, 2 пакетче ванилин шеќер
Додадете ги жолчките во чоколадниот крем и убаво измешајте.
Потоа додадете го шлагот од белките и внимателно промешајте.
На дното на тавата ставете хартија за печење и премачкајте ги страните со путер.
Загрејте ја рерната на 160°C со вентилација (без на 180°C).
Истурете ја смесата за кората во формата ѕа печење, распоредете ја рамномерно и притиснете надолу.
Посипете го кремот одозгора, измазнете го и со тавата внимателно удрете врз работната маса, за да може кремот да налегне и да излезе воздухот.
Ставете го чизкејкот во загреана рерна да се пече околу 55 минути.
Кога ќе добие прекрасна златно-кафеава боја, извадете го од рерна и оставете го да се олади.
Кога ќе се олади, извадете го од формата.
Измешајте го мармаладот од домати со сокот од портокал и загрејте ја смесата малку, за да џемот стане течен.
250 г мармалад од домати, 2 лажици сок од портокал
Распоредете го мармаладот врз чизкејкот.
Потоа оставете го да се олади.
Украсете го прекрасниот чизкејк со мармалад од домати како што сакате, денес јас тоа го направив во антички стил, и потоа послужете.