Идеален начин за искористување на остатоци.
Во некои од моите рецепти веќе споменав дека кога бев дете баба ми и мајка ми вообичаено самите правеа слатки за нас. Иако беа направени за нас децата, кога бев дете чудно ми беше што и возрасните буквално ги голтаа малите слатки деликатеси, меѓутоа денес разбирам зошто: Затоа што тие беа многу вкусни.
Голем дел од овие едноставни и многу вкусни рецепти на модернизиран начин сакам да Ви ги пренесам и на Вас, ценети читатели. Во принцип, овие стари рецепти се многу едноставни и брзи за подготовка, а освен тоа резултатот е неверојатно вкусен. Со тоа што се користат јаткасти плодови, слатките добиваат и здрави состојки.
Денес сакам да Ви ги претставам бомбицитe со лешници и тиква. Рака на срце рецептот настана од потреба. Пред неколку дена Ви го претставив рецептот„ Макарони/Јуфки со сос од тиква и лук“. За него користев тиква Хокаидо и нема да верувате ми остана парче тиква. Кој ли би помислил хаха. Доста беше со иронијата, меѓутоа како некое непишано правило речиси секогаш кога готвам со тиква ми останува еден дел и затоа остатокот треба да го употребам за некое друго јадење.
За време на еден разговор со моето семејство во врска со старите рецепти за слатки, што претходно ги споменав, ми дојде идеја остатокот од тиквата да ги искористам за некој сладок рецепт.
Информации за состојките
За подготовка на моите рецепти се обидувам да користам органски производи што е можно повеќе во моментот.
Рецепт
Бомбици од тиква и лешници
Состојки
Состојки за 20-22 Бомбици
- 150 г тиква Хокаидо (исчистена)
- 3 лажици суров шеќер од трска
- 50 ликер од портокал (како алтернатива сок од портокал)
- 125 г путер (на собна температура)
- 150 г лешници (мелени)
- 100 г бисквити
- 100 мл вода
- 1 пакетче ванилин шеќер
Подготовка
- Во тефлонска тава без масло пропржете ги лешниците. Внимавајте тоа да биде само кратко за вкусот да не стане премногу доминантен. Не ги оставајте лешниците во тавата туку префрлете ги во еден сад.150 г лешници
- Исечете ја тиквата на ситни коцки, за да може да се сварат побрзо.150 г тиква Хокаидо
- Во веќе празната тава сипете го шеќерот и оставете го малку да се карамелизира. Внимавајте притоа да не прегори и да не потемни многу.3 лажици суров шеќер од трска
- Додадете ги коцките од тиква во тавата и измешајте ги со шеќерот.150 г тиква Хокаидо, 3 лажици суров шеќер од трска
- Сипете вода и ликер од портокал во тавата со тиква и промешајте сѐ заедно. Исто така додадете го и ванилиниот шеќер. Варете ја смесата на тивок оган, мешајќи повремено, сѐ додека водата и ликерот не испарат. Потоа тргнете ја тавата од рингла.50 ликер од портокал, 100 мл вода, 1 пакетче ванилин шеќер
- Сомелете ги бисквитите во блендер. Ставете ги сомленити бисквити во еден сад.100 г бисквити
- Ставете ги топлите парчиња тиква во блендерот, додадете путер на собна температура исечен на мали парчиња и потоа блендирајте сѐ додека не добиете кремаста маса со прекрасна портокалова боја.
- Сипете ја кремастата маса од тиква во сад.
- Во садот додадете 100 г од печените лешници и мелените бисквити и мешајте сè заедно додека не добиете мазна хомогена смеса.
- Со мала лажичка земете дел од смесата и од неа направете мала кугла.
- Извалкајте ја куглата во преостанатите 50 г лешници што се ставени во чинија и потоа оставете ја настрана. Со тоа се подготвени т.н. пралини или поточно, пралини од лешници и тиква.
- Овој процес мора да го повторите сè додека не ја потрошите целата кремаста маса.
- Сега доаѓа најголемиот проблем, Бомбицитe треба да се стават во фрижидер 2-3 часа за да се стегнат, меѓутоа треба некако да ги сокриете од Гурманитe, коишто едвај можат да дочекаат да ги пробаат овие мали слатки задоволства.
- Извадете ги убавите и вкусни пралини од фрижидерот, наредете ги и послужете.
Забелешка
Информации за исхрана
На Вашето семејството и на гостите ќе им сервирате прекрасни кремасти Бомбици со одличен вкус и со светло портокалова карамела.
Уживајте при припремањето и добар апетит!
Ако ви се допадна мојот рецепт, имам соодветни рецепт идеи за вас:
- Појадок од соино млеко и овесни снегулки
- Чоколадни макарони со карамелизирано јапонско јаболко
- Торта од пудинг, кекс и банана
- Чизкејк со мармалад од домати
- Штрудла со извонреден фил од јаболки и марципан
Пријатен ден ви посакува Бела Кујна.
Оставете Одговор