Go Back
–+ servings
Bombici od tikva i lesnici-Recept-bellakujna

Бомбици од тиква и лешници

Вистинска уживанција во вкусот на тиква, карамелизиран портокал и лешници. Искористувањето на остатоци може да биде толку вкусно.
Сподели
Припрема 40 minutes
Вкупно 40 minutes
Порции: 20 Бомбици
Јадење: Десерти
Потекло: Германија, Македонија
Калории: 136.8kcal

Состојки
  

Состојки за 20-22 Бомбици
  • 150 г тиква Хокаидо (исчистена)
  • 3 лажици суров шеќер од трска
  • 50 ликер од портокал (како алтернатива сок од портокал)
  • 125 г путер (на собна температура)
  • 150 г лешници (мелени)
  • 100 г бисквити
  • 100 мл вода
  • 1 пакетче ванилин шеќер

Подготовка
 

  1. Во тефлонска тава без масло пропржете ги лешниците. Внимавајте тоа да биде само кратко за вкусот да не стане премногу доминантен. Не ги оставајте лешниците во тавата туку префрлете ги во еден сад.
    150 г лешници
  2. Исечете ја тиквата на ситни коцки, за да може да се сварат побрзо.
    150 г тиква Хокаидо
  3. Во веќе празната тава сипете го шеќерот и оставете го малку да се карамелизира. Внимавајте притоа да не прегори и да не потемни многу.
    3 лажици суров шеќер од трска
  4. Додадете ги коцките од тиква во тавата и измешајте ги со шеќерот.
    150 г тиква Хокаидо, 3 лажици суров шеќер од трска
  5. Сипете вода и ликер од портокал во тавата со тиква и промешајте сѐ заедно. Исто така додадете го и ванилиниот шеќер. Варете ја смесата на тивок оган, мешајќи повремено, сѐ додека водата и ликерот не испарат. Потоа тргнете ја тавата од рингла.
    50 ликер од портокал, 100 мл вода, 1 пакетче ванилин шеќер
  6. Сомелете ги бисквитите во блендер. Ставете ги сомленити бисквити во еден сад.
    100 г бисквити
  7. Ставете ги топлите парчиња тиква во блендерот, додадете путер на собна температура исечен на мали парчиња и потоа блендирајте сѐ додека не добиете кремаста маса со прекрасна портокалова боја.
  8. Сипете ја кремастата маса од тиква во сад.
  9. Во садот додадете 100 г од печените лешници и мелените бисквити и мешајте сè заедно додека не добиете мазна хомогена смеса.
  10. Со мала лажичка земете дел од смесата и од неа направете мала кугла.
  11. Извалкајте ја куглата во преостанатите 50 г лешници што се ставени во чинија и потоа оставете ја настрана. Со тоа се подготвени т.н. пралини или поточно, пралини од лешници и тиква.
  12. Овој процес мора да го повторите сè додека не ја потрошите целата кремаста маса.
  13. Сега доаѓа најголемиот проблем, Бомбицитe треба да се стават во фрижидер 2-3 часа за да се стегнат, меѓутоа треба некако да ги сокриете од Гурманитe, коишто едвај можат да дочекаат да ги пробаат овие мали слатки задоволства.
  14. Извадете ги убавите и вкусни пралини од фрижидерот, наредете ги и послужете.
    Bombici od tikva i lesnici-Serviranje-bellakujna

Нутриент

Нутритивни факти
Бомбици од тиква и лешници
Количина по порција
Калории
136.8
% Дневна вредност*
Масти
 
10.8
g
17
%
Јаглехидрати
 
7.7
g
3
%
Протеини
 
1.7
g
3
%
* Процентуални дневни вредности на хранливи материи на просечен возрасен (8400 kj/2000 kcal) според Регулативата (ЕУ) бр. 1169/2011.

Забелешка

За овој рецепт може да користите и тиква батернат.

Нашиот Инстаграм

Заследете @bellakujna!