Слатко искушение за сетилата.
Дали сакате да го изненадите Вашето семејство или пак Вашите гости со нешто посебно, регионално, сезонско и вкусно? Доколку одговорот е да, тогаш го имам вистинското за вас. Тоа е еден превкусен колач од тиква со тестени трошки во комбинација со пудинг од ванила.

Тиква
Тиквата не само што претставува витаминска бомба, таа има и малку калории, а со тоа таа не случајно се вбројува во групата на т.н. супер-храна. Тиквата содржи голема количина на бета-каротин, што ублажува воспаленија, ја штити кожата од штетното УВ зрачење и ги лекува кожните флеки предизвикани од сонцето. Алфа каротинот пак го забавува процесот на стареење (ова беше информација за нас, жените😉).
Ц витаминот го нормализира нивото на холестерол во крвта, ги неутрализира слободните радикали, го зајакнува имуниот систем и служи како потпомагател во борбата против ракот.
Тиквата исто така е одличен извор на баластни материи. Адекватната конзумација на баластни материи го штити организмот од срцеви заболувања, помага при намалување на прекумерна тежина, го подобрува варењето на храната и придонесува за нормализирање на вредностите во крвта.
Пантотенската киселина, исто така позната и како витамин Б5, помага при ослободувањето од стрес и има улога и при балансот на хормоните.

Семките од тиква помагаат при тешкотии со простатата и мочниот меур.
Уште едно нешто што не смее да остане неспомнато е фактот дека тиквата има мал број на калории. Со само 25 калории на 100 грама, тиквата претставува одлична храна за слабеење. Земајќи ја во предвид оваа информација парчето колач веднаш добива подобар вкус 😉.
Но, кога станува збор за здрава тиква би сакала да ви препорачам уште два вкусни рецепти: Штрудла од тиква, јаболка и брусница и Шницли од тиква во сос од крем и сирење.
За да може да уживате во вкусот на овој колач, ќе треба првин да го подготвиме, а за тоа ни е потребен следниот рецепт.
Информации за состојките
За подготовка на моите рецепти се обидувам да користам органски производи што е можно повеќе во моментот.
Рецепт

Toртa од тиква со тестени трошки и кремаст пудинг од ванила
Состојки
Состојки за тавче од Ø 24 см
Тесто
- 250 г брашно (тип 550)
- 150 г путер (на собна температура)
- 125 г шеќер од сурова шеќерна трска
- 1 јајце (големина М)
- 1 лимета (изрендана кора)
- 1 пакетче ванилин шеќер
- 1 прстофат сол
Фил
- 2 пакетчиња пудинг од ванила
- 500 мл млеко (масленост 1,5%)
- 200 мл крем за готвење (неутрален)
- 80 г шеќер од сурова шеќерна трска
- 50 г ореви (сецкани)
- 400 г тиква (тип хокаидо)
- 2 пакетчиња ванилин шеќер
- 30 г шеќер од сурова шеќерна трска
- 1 лимета (сок и кора)
Подготовка
- Изрендајте ја кората од лиметата и исцедете го.1 лимета
- Сите состојки потребни за тестото: брашно, путер, шеќер од сурова шеќерна трска, јајце, кора од изрендана лимета, ванилин шеќер и малку сол ставете ги во голем сад и или сами изамесете ја смесата се додека не добиете глатко тесто или пак со помош на машина за месење.250 г брашно, 150 г путер, 125 г шеќер од сурова шеќерна трска, 1 јајце, 1 лимета, 1 прстофат сол, 1 пакетче ванилин шеќер
- Завиткајте го тестото во прозирна кујнска фолија и оставете го во фрижидер.
- Измијте ја тиквата, исечете ја на четири дела и извадете ги семките.400 г тиква
- Еден дел од тиквата исечете на мали парченца, треба да имате точно 250 гр.
- Парчињата тиква (250 г) додадете ги во сад и посипете ги со сок (2 кафени лажички) од зелена лимета. Додадете 30 г шеќер од сурова шеќерна трска, промешајте сѐ заедно и оставете ги покриени на страна.30 г шеќер од сурова шеќерна трска
- Од преостанатата тиква со ренде на покрупната страна изрендајте 150 г.
- Во сад сипете 200 мл млеко и со помош на жица разматете ги двете пакетчиња пудинг.2 пакетчиња пудинг од ванила
- Останатото млеко сипете го во тенџере, додајте го кремот за готвење и 80 г шеќер од сурова шеќерна трска, убаво промешајте и оставете го да зоврие.500 мл млеко, 80 г шеќер од сурова шеќерна трска, 200 мл крем за готвење
- Во зовриеното млеко додајте ја разматената смеса од двете пакетчиња пудинг и варете го пудингот според упатството за приготвување. Кога ќе биде готов тргнете го од шпоретот.
- Во пудингот додајте ги сецканите ореви и ренданата тиква (150 г) и потоа оставете ја смесата на страна да се излади.50 г ореви
- Загрејте ја рерната на 200°C (со вентилација на 180°C).
- Извадете го тестото од фрижидер и оставете на страна еден дел од 80 грама.
- Премачкајте го тавчето (Ø 24 см) со путер, потоа расукајте го тестото и ставете го во калапот и повлечете ги рабовите околу 3 см нагоре.
- Распоредете две третини од парчињата тиква врз тестото.
- Пудингот и мешавината од ореви и тиква прелијте ги рамномерно врз парчињата тиква.
- Врз пудингот и мешавината од ореви рапоредете ја останатата третина од парчињата тиква.
- На крајот од останатото тесто (80 гр), правам тестени трошки, така што со прстите откинувам ситни парченца и ги распределувам врз колачот.
- Ставете го колачот во загреаната рерна да се пече околу 60-70 минути.
- Откако ќе се добие златно-кафена боја, извадете ја тортата од рерна, оставете да се оладе и сервирајте.
Информации за исхрана
На Вашето семејство или пак на Вашите гости ќе им сервирате извонредна торта со меко тесто, крцкав фил и прекрасен вкус.

Уживајте при припремањето и добар апетит!
Ако ви се допадна мојот рецепт, имам соодветни рецепт идеи за вас:
- Полжави со цимет и глазура
- Чизкејк со мармалад од домати
- Торта од лиснато тесто со цреши
- Штрудла со извонреден фил од јаболки и марципан
- Торта од пудинг, кекс и банана
Пријатен ден ви посакува Бела Кујна.
Оставете Одговор