Go Back
–+ servings
Torta od tikva so testeni troski i kremast puding od vanila-Recept-bellakujna

Toртa од тиква со тестени трошки и кремаст пудинг од ванила

Тестото меко како душа претставува одлична подлога за филот од тиква со вкус на ванила и зелен лимон, надополнет со прелив од сипкав пудинг со тестени трошки.
Сподели
Припрема 30 minutes
Печење 1 hour 10 minutes
Вкупно 1 hour 40 minutes
Порции: 8 Порции
Јадење: Торти
Потекло: Германија
Калории: 521kcal

Состојки
  

Состојки за тавче од Ø 24 см
Тесто
  • 250 г брашно (тип 550)
  • 150 г путер (на собна температура)
  • 125 г шеќер од сурова шеќерна трска
  • 1 јајце (големина М)
  • 1 лимета (изрендана кора)
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • 1 прстофат сол
Фил
  • 2 пакетчиња пудинг од ванила
  • 500 мл млеко (масленост 1,5%)
  • 200 мл крем за готвење (неутрален)
  • 80 г шеќер од сурова шеќерна трска
  • 50 г ореви (сецкани)
  • 400 г тиква (тип хокаидо)
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • 30 г шеќер од сурова шеќерна трска
  • 1 лимета (сок и кора)

Подготовка
 

  1. Изрендајте ја кората од лиметата и исцедете го.
    1 лимета
  2. Сите состојки потребни за тестото: брашно, путер, шеќер од сурова шеќерна трска, јајце, кора од изрендана лимета, ванилин шеќер и малку сол ставете ги во голем сад и или сами изамесете ја смесата се додека не добиете глатко тесто или пак со помош на машина за месење.
    250 г брашно, 150 г путер, 125 г шеќер од сурова шеќерна трска, 1 јајце, 1 лимета, 1 прстофат сол, 1 пакетче ванилин шеќер
  3. Завиткајте го тестото во прозирна кујнска фолија и оставете го во фрижидер.
  4. Измијте ја тиквата, исечете ја на четири дела и извадете ги семките.
    400 г тиква
  5. Еден дел од тиквата исечете на мали парченца, треба да имате точно 250 гр.
  6. Парчињата тиква (250 г) додадете ги во сад и посипете ги со сок (2 кафени лажички) од зелена лимета. Додадете 30 г шеќер од сурова шеќерна трска, промешајте сѐ заедно и оставете ги покриени на страна.
    30 г шеќер од сурова шеќерна трска
  7. Од преостанатата тиква со ренде на покрупната страна изрендајте 150 г.
  8. Во сад сипете 200 мл млеко и со помош на жица разматете ги двете пакетчиња пудинг.
    2 пакетчиња пудинг од ванила
  9. Останатото млеко сипете го во тенџере, додајте го кремот за готвење и 80 г шеќер од сурова шеќерна трска, убаво промешајте и оставете го да зоврие.
    500 мл млеко, 80 г шеќер од сурова шеќерна трска, 200 мл крем за готвење
  10. Во зовриеното млеко додајте ја разматената смеса од двете пакетчиња пудинг и варете го пудингот според упатството за приготвување. Кога ќе биде готов тргнете го од шпоретот.
  11. Во пудингот додајте ги сецканите ореви и ренданата тиква (150 г) и потоа оставете ја смесата на страна да се излади.
    50 г ореви
  12. Загрејте ја рерната на 200°C (со вентилација на 180°C).
  13. Извадете го тестото од фрижидер и оставете на страна еден дел од 80 грама.
  14. Премачкајте го тавчето (Ø 24 см) со путер, потоа расукајте го тестото и ставете го во калапот и повлечете ги рабовите околу 3 см нагоре.
  15. Распоредете две третини од парчињата тиква врз тестото.
  16. Пудингот и мешавината од ореви и тиква прелијте ги рамномерно врз парчињата тиква.
  17. Врз пудингот и мешавината од ореви рапоредете ја останатата третина од парчињата тиква.
  18. На крајот од останатото тесто (80 гр), правам тестени трошки, така што со прстите откинувам ситни парченца и ги распределувам врз колачот.
  19. Ставете го колачот во загреаната рерна да се пече околу 60-70 минути.
  20. Откако ќе се добие златно-кафена боја, извадете ја тортата од рерна, оставете да се оладе и сервирајте.
    Torta od tikva so testeni troski i kremast puding od vanila-Serviranje-bellakujna

Нутриент

Нутритивни факти
Toртa од тиква со тестени трошки и кремаст пудинг од ванила
Количина по порција
Калории
521
% Дневна вредност*
Масти
 
27
g
42
%
Јаглехидрати
 
58.2
g
19
%
Протеини
 
8.3
g
17
%
* Процентуални дневни вредности на хранливи материи на просечен возрасен (8400 kj/2000 kcal) според Регулативата (ЕУ) бр. 1169/2011.

Нашиот Инстаграм

Заследете @bellakujna!