Штрудла од тиква, јаболка и брусница

Вистински здрав деликатес.

Тиквата без сомнение е кулинарски хит во есен и зима; таа е ниско калорична и здрава, има одлична арома и може да се искористи на различни начини.

Tиква

Тиквата како впрочем и речиси сите останати сезонски производи, кога е достапна на пазарот претставува вистински сезонски хит. Меѓутоа не е ни чудо заради фактот дека содржи само 25 калории на 100 грама. Од таа причина тиквата е една од главните намирници за сите оние, што внимаваат на својата фигура. Покрај тоа тиквата исто така го снабдува организмот со витамини, минерали и влакна, што даваат чувство на ситост.

Јаболки

Изреката „Едно јаболко на ден и доктор не Ви е потребен“ им е добро позната на многумина. И тоа повеќе од доволно кажува дека јаболката се вистинска витаминска бомба. Големото количество на влакна, флавоноиди и полифеноли допринесува за прочистување на организмот од крајните производи на метаболизмот. Редовното конзумирање на овошје богато со витални материи, го зајакнува имунитетот и го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања, дијабетес мелитус и карцином. 

Брусница

Брусниците било да се работи за сушена или варена варијанта не само што се вкусни, туку можат и превентивно да делуваат против воспалувања на мочниот меур, што често се повторуваат. Брусниците се богати и со антиоксиданси, минерали и витамини. Недостатокот на витамин Ц одлично може да се третира со брусница, благодарение на големото количество витамин Ц, што го содржи во себе.  

Значи три одлични состојки, што истовремено се здрави и многу вкусни па така еднинствено отворено остана прашањето, како да ги искомбинирам сите три заедно. За последниот чекор се одлучив тоа да бидат готови кори.

Затоа денес ќе Ви претставам сладок, а истовремено здрав рецепт што е одличен за трач муабет со шолја кафе.

Информации за состојките

За подготовка на моите рецепти се обидувам да користам органски производи што е можно повеќе во моментот. 

Рецепт


Штрудла од тиква, јаболка и брусница

Неописливо вкусна штрудла. Тиква со вкус на орев, сочни јаболка, слатка брусница и крцкави кори од тесто создаваат уникатен вкус.
Припрема 45 minutes
Печење 30 minutes
Вкупно 1 hour 15 minutes
Порции 6 Порции
Калории за 1 Порција 234.7

Состојки
  

  • 1 Пакување кори (250 г)
  • 500 г тиква (батернат)
  • 4 јаболки (500 грама)
  • 100 г брусница
  • 100 г Демерара шекер (како алтернатива обичен кафеав шеќер)
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • 1 лажица гриз
  • 70 мл масло (сончогледово)
  • 70 мл минерална вода
  • 1 лажица сок од лимон

Подготовка
 

  • Излупете ги јаболката и тиквата и потоа изрендајте ги.
    500 г тиква, 4 јаболки
  • Ставете 1-2 лажици масло во тава и загрејте го. Во тавата додадете ги ренданата тиква и јаболката, 70 грама од шеќерот, брусницата и сокот од лимон и оставете ги да се динстаат на средна температура.
    500 г тиква, 4 јаболки, 100 г брусница, 1 лажица сок од лимон
  • По околу 10-15 минути, течноста би требало целосно да испари. Тогаш додате ги двете пакетчиња ванилин шеќер, промешајте и ставете ја тавата настрана да се излади.
    2 пакетчиња ванилин шеќер
  • Раширете една кора на работната плоча, посипете ја со масло и минерална вода, а потоа распрскајте го гризот.
  • Ставете ја втората кора врз првата, посипете ја со масло и минерална вода, а потоа распрскајте го шеќерот.
  • Ставете ја врз неа третата кора и како и со првата посипете ја со масло и минерална вода, а потоа распрскајте го гризот.
  • Потоа следува четвртата кора. Ставете ја врз третата кора, посипете ја со масло и минерална вода, а потоа распрскајте го шеќерот.
  • На крај ставете ја последната кора, повторно посипете ја со масло и минерална вода, а потоа распрскајте го гризот и шеќерот.
  • Загрејте ја рерната на 200°C (со вентилација на 180°C).
  • Рамномерно распоредете ја изладената смеса од брусница, јаболка и тиква врз корите, така што на горниот раб ќе оставите празен дел од околу 5 см.
  • Потоа рамномерно завиткајте ја штрудлата во ролна почнувајќи од долниот крај. Горниот дел што остана празен треба да биде долу за штрудлата да не може да се отвори.
  • Ставете ја штрудлата на плех обложен со хартија за печење. Целата штрудла повторно премачкајте ја со масло и попрскајте ја со минерална вода и посипете ја со преостанатиот шеќер.
  • Ставете ја да се пече во загреана рерна и печете ја околу 30 минути додека не добие златно-румена боја.
  • Кога ќе помине времето за печење, извадете ја штрудлата од рерна и оставете ја малку да се олади. Времето може да го искористите да објавите фотографии од оваа прекрасна штрудла на социјалните мрежи 😉
  • Сервирајте, послужете и уживајте.
Јадење Десерти, Пецива
Потекло Македонија

Информации за исхрана

Нутритивни факти
Штрудла од тиква, јаболка и брусница
Количина по порција
Калории
234.7
% Дневна вредност*
Масти
 
2.2
g
3
%
Јаглехидрати
 
47.2
g
16
%
Протеини
 
5.2
g
10
%
* Процентуални дневни вредности на хранливи материи на просечен возрасен (8400 kj/2000 kcal) според Регулативата (ЕУ) бр. 1169/2011.
Дали сте го пробале рецептот?Споменете го @bellakujna или користете го хаштагот #bellakujna!

Тиквата со вкус на орев во комбинација со сочните јаболка, сладоста на брусницата, киселкастата нота на лимонот и суптилната арома на ванила, и сето тоа „спакувано„ во крцкави кори резултира со неописливо вкусно доживување.

Уживајте при готвењето и добар апетит!

Ако ви се допадна мојот рецепт, имам соодветни рецепт идеи за вас:

  1. Торта од лиснато тесто со цреши
  2. Чизкејк со мармалад од домати
  3. Toртa од тиква со тестени трошки и кремаст пудинг од ванила
  4. Штрудла со извонреден фил од јаболки и марципан
  5. Бомбици од тиква и лешници

 Пријатен ден ви посакува Бела Кујна.