Излупете ги јаболката и тиквата и потоа изрендајте ги.
500 г тиква, 4 јаболки
Ставете 1-2 лажици масло во тава и загрејте го. Во тавата додадете ги ренданата тиква и јаболката, 70 грама од шеќерот, брусницата и сокот од лимон и оставете ги да се динстаат на средна температура.
500 г тиква, 4 јаболки, 100 г брусница, 1 лажица сок од лимон
По околу 10-15 минути, течноста би требало целосно да испари. Тогаш додате ги двете пакетчиња ванилин шеќер, промешајте и ставете ја тавата настрана да се излади.
2 пакетчиња ванилин шеќер
Раширете една кора на работната плоча, посипете ја со масло и минерална вода, а потоа распрскајте го гризот.
Ставете ја втората кора врз првата, посипете ја со масло и минерална вода, а потоа распрскајте го шеќерот.
Ставете ја врз неа третата кора и како и со првата посипете ја со масло и минерална вода, а потоа распрскајте го гризот.
Потоа следува четвртата кора. Ставете ја врз третата кора, посипете ја со масло и минерална вода, а потоа распрскајте го шеќерот.
На крај ставете ја последната кора, повторно посипете ја со масло и минерална вода, а потоа распрскајте го гризот и шеќерот.
Загрејте ја рерната на 200°C (со вентилација на 180°C).
Рамномерно распоредете ја изладената смеса од брусница, јаболка и тиква врз корите, така што на горниот раб ќе оставите празен дел од околу 5 см.
Потоа рамномерно завиткајте ја штрудлата во ролна почнувајќи од долниот крај. Горниот дел што остана празен треба да биде долу за штрудлата да не може да се отвори.
Ставете ја штрудлата на плех обложен со хартија за печење. Целата штрудла повторно премачкајте ја со масло и попрскајте ја со минерална вода и посипете ја со преостанатиот шеќер.
Ставете ја да се пече во загреана рерна и печете ја околу 30 минути додека не добие златно-румена боја.
Кога ќе помине времето за печење, извадете ја штрудлата од рерна и оставете ја малку да се олади. Времето може да го искористите да објавите фотографии од оваа прекрасна штрудла на социјалните мрежи 😉
Сервирајте, послужете и уживајте.