Go Back
–+ servings
Sareni veligdenski kolacinja-Recept-bellakujna

Шарени велигденски колачиња

Прекрасни колачиња со одличен вкус, украсени за Велигден.
Сподели
Припрема 20 minutes
Печење 15 minutes
Вкупно 35 minutes
Порции: 19 Portionen
Јадење: Колачиња, Слатки печива
Потекло: Германско, Македонско
Калории: 91.1kcal

Состојки
  

Состојки за 19-20 колачиња
Тесто
  • 250 гр брашно
  • 80 гр шеќер од сурова трска (алтернативно бел шеќер)
  • 125 гр путер
  • 1 јајце (големина М)
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 1 лимон (кора, органски)
Глазура
  • 100 гр шеќер во прав
  • 3-4 лажици вода или сок од лимон
  • боја за храна

Подготовка
 

  1. Измијте го лимонот темелно и изрендајте ја кората.
    1 лимон
  2. Исечете го путерот на коцки.
    125 гр путер
  3. Во сад за матење просејте ги брашното и прашокот за пециво. Во брашното додадете ги шеќерот, путерот, јајцето, екстрактот од ванила и кората од лимон и измесете тесто со рака, со рачен миксер или со кујнски робот.
    250 гр брашно, 80 гр шеќер од сурова трска, 125 гр путер, 1 јајце, 1 лажичка прашок за пециво, 1 лажичка екстракт од ванила, 1 лимон
  4. Извадете го тестото од садот на набрашнета работна површина и обликувајте го во топка.
  5. Оваа топка тесто завиткајте ја во прозирна фолија и ставете ја во фрижидер 30 до 60 минути.
  6. По истекот на времето за ладење, одвиткајте го тестото и расукајте го на набрашнета работна површина.
  7. Загрејте ја рерната на 160°C (рерна со вентилација 140°C).
  8. Исечете ги колачињата со форми (модли за колачиња) по ваша желба.
  9. Ставете ги колачињата на плех обложен со хартија за печење.
  10. Плехот со кексите ставете го во загреана рерна и печете 15 минути.
  11. По печењето извадете го плехот од рерна и оставете го на страна да се излади.
  12. За глазура, просејте го шеќерот во прав во мал сад. Шеќерот во прав измешајте го со вода, алтернативно со сок од лимон. Глазурата не треба да биде премногу густа, но ниту премногу ретка. Треба лесно да се премачкува.
    100 гр шеќер во прав, 3-4 лажици вода или сок од лимон
  13. Поделете ја глазурата во две или три мали чинии и обојте ја со прехранбена боја по избор.
    боја за храна
  14. Обојте ги колачињата како што сакате, по желба.
  15. Оставете ги на страна да се исушат.
  16. Готовите велигденски колачиња наредете и послужете ги на семејството или гостите.
    Sareni veligdenski kolacinja-Serviranje-bellakujna

Нутриент

Нутритивни факти
Шарени велигденски колачиња
Количина по порција
Калории
91.1
% Дневна вредност*
Масти
 
2
g
3
%
Јаглехидрати
 
9.6
g
3
%
Протеини
 
0.3
g
1
%
* Процентуални дневни вредности на хранливи материи на просечен возрасен (8400 kj/2000 kcal) според Регулативата (ЕУ) бр. 1169/2011.

Нашиот Инстаграм

Заследете @bellakujna!