Go Back
–+ servings
Cili kon karne-Recept-bellakujna

Чили кон карне

Традиционално Текс-Мекс јадење полно со вкус и многу витални материи.
Сподели
Припрема 1 hour
Вкупно 1 hour
Порции: 4 Порции
Јадење: Главни Јадења
Потекло: Мексиканско
Калории: 635.7kcal

Состојки
  

  • 400 гр мелено месо (пола-пола)
  • 2 пиперки (црвени)
  • 2 главици кромид
  • 2 моркови
  • 1-2 чили пиперчиња
  • 480 гр црвен грав (конзерва) (исцедена тежина)
  • 230 гр пченка (конзерва) (исцедена тежина)
  • 350 гр сос од домати
  • 3-4 чешниња лук
  • 1 лажица буковец (благ или лут по вкус)
  • 2 лажички вегета
  • 1 лажичка бибер (свежо мелен)
  • ½ лажичка сол
  • 2 лажички кумин
  • ½ китка магдонос
  • 600 мл вода (врела)
  • масло за пржење

Подготовка
 

  1. Измијте, преполовете, извадете ги семките и ситно исечете ги пиперките и пиперчињата.
    2 пиперки, 1-2 чили пиперчиња
  2. Излупете ги морковите, исечете ги на половина или четвртини во зависност од нивната дебелина и исечете ги на мали парчиња. Излупете и ситно исечкајте ги кромидот и чешнињата лук.
    2 главици кромид, 2 моркови, 3-4 чешниња лук
  3. Измијте, сортирајте и ситно исечкајте го магдоносот.
    ½ китка магдонос
  4. Во тенџете со малку масло пропржете го месото, кога ќе се испржи добро, извадете го месото од тенџерето и оставете го на страна.
    400 гр мелено месо
  5. Во истото тенџере, пржете ги пиперките, кромидот и морковот со останатото масло. Кога кромидот ќе се испржи и стане прозирен, додадете ги чилито и лукот и пропржете.
  6. Додадете го месото и измешајте.
  7. Гравот и пченката истурете ги во цедалка, измијте ги и додадете ги во тенџерето со останатите состојки.
    480 гр црвен грав (конзерва), 230 гр пченка (конзерва)
  8. Додадете го сосот од домати и измешајте.
    350 гр сос од домати
  9. Додадете ја топлата вода, зачините и магдоносот и промешајте.
    2 лажички вегета, 1 лажичка бибер, ½ лажичка сол, 2 лажички кумин, ½ китка магдонос, 600 мл вода, 1 лажица буковец
  10. Ставете го капакот и оставете го чилито да се крчка на тивок оган 10-15 минути.
  11. По завршувањето на времето за готвење, пробајте, ако е потребно дозачинете, наредете и послужете.
    Cili kon karne-Serviranje-bellakujna

Нутриент

Нутритивни факти
Чили кон карне
Количина по порција
Калории
635.7
% Дневна вредност*
Масти
 
29.2
g
45
%
Јаглехидрати
 
51
g
17
%
Протеини
 
34.1
g
68
%
* Процентуални дневни вредности на хранливи материи на просечен возрасен (8400 kj/2000 kcal) според Регулативата (ЕУ) бр. 1169/2011.

Нашиот Инстаграм

Заследете @bellakujna!