Go Back
+ servings
Torta so modri slivi, bademi i amareto-Recept-bellakujna

Торта со модри сливи, бадеми и амарето

Сипкава и сочна торта, со свежина на сливи и крцкави бадеми, вградени во меко тесто како путер, може да стане само кулинарско уживање.
Сподели
Припрема 25 minutes
Печење 45 minutes
Вкупно 1 hour 10 minutes
Порции: 12 Порции
Јадење: Слатки печива, Торти
Потекло: Германско, Македонско
Калории: 498.9kcal

Состојки
  

Состојки за калап 35х26x6 см
Тесто
  • 4 јајца (големина М)
  • 250 гр путер (растопен)
  • 250 гр шеќер од сурова трска (алтернативно бел шеќер)
  • 350 гр брашно
  • 1 пакетче прашок за пециво
  • 150 гр мелени бадеми
  • 2 лажички бурбон ванилин шеќер
  • 50 мл амарето (ликер)
Топинг
  • 1500 гр модри сливи
  • 2 лажици кафеав шеќер (алтернативно бел шеќер)
  • 1-2 лажици прав шекер

Подготовка
 

  1. Измијте, преполовете и извадете ги семките од сливите.
    1500 гр модри сливи
  2. Растопете го путерот внимателно, во микробранова печка или во мало тенџере на тивок оган.
    250 гр путер
  3. Брашното и прашокот за пециво просејте ги низ сито во сад. Додадете ги мелените бадеми и измешајте со брашното.
    350 гр брашно, 1 пакетче прашок за пециво, 150 гр мелени бадеми
  4. Искршете ги јајцата во сад за матење, додадете го шеќерот и изматете ги двете состојки со рачен миксер или кујнски робот се додека не станат пенасти.
    4 јајца, 250 гр шеќер од сурова трска
  5. Додадете ги путерот, ванилиниот шеќер и амаретото и измешајте.
    250 гр путер, 50 мл амарето, 2 лажички бурбон ванилин шеќер
  6. Додадете ја смесата со брашно во влажните состојки и мешајте додека не се изедначи.
  7. Загрејте ја рерната на 180°C (рерна со циркулирачки воздух 160°C).
  8. Подмачкајте соодветен калап за печење, истурете го тестото и измазнете го.
  9. Врз тестото распоредете ги модрите сливи и посипете ги со кафеав шеќер.
    2 лажици кафеав шеќер
  10. Ставете ја тортата во загреана рерна и печете ја 45 до 50 минути.
  11. По истекот на времето за печење, направете го тестот со дрвено стапче - видете ја забелешката - оставете ја прекрасната торта да се излади, посипете со прав шекер, наредете и послужете.
    1-2 лажици прав шекер
    Torta so modri slivi, bademi i amareto-Serviranje-bellakujna

Нутриент

Нутритивни факти
Торта со модри сливи, бадеми и амарето
Количина по порција
Калории
498.9
% Дневна вредност*
Масти
 
26.2
g
40
%
Јаглехидрати
 
55.3
g
18
%
Протеини
 
7.9
g
16
%
* Процентуални дневни вредности на хранливи материи на просечен возрасен (8400 kj/2000 kcal) според Регулативата (ЕУ) бр. 1169/2011.

Забелешка

По истекот на времето за печење треба да се направи тест со дрвено стапче. Се користи за да се утврди дали колачот е печен. За да го направите ова, ставете мало дрвено стапче (раженче) во колачот и повторно извлечете го по една или две секунди. Ако на дрвото се залепат мали остатоци од тестото, колачот мора да остане во рерната уште неколку минути.

Нашиот Инстаграм

Заследете @bellakujna!