Изрендајте ја кората од лиметата и исцедете го сокот.
Ставете го во сад целиот прашок за пудинг. Додадете 300 мл млеко и промешајте со жица за матење за да нема грутки.
Ставете ги преостанатите 700 мл млеко во тенџере, додадете шеќер и промешајте. Оставете ја смесата да зоврие.
Потоа додадете ја смесата со пудинг и млеко во зовриеното млеко и подгответе го пудингот како што стои во упатствата за пакувањето. Тргнете го тенџерето од ринглата.
2 пакетчиња пудинг од ванила, 1000 мл млеко, 50 гр шеќер од сурова шеќерна трска
Исечете го путерот на мали парчиња.
150 гр путер
Префрлете го пудингот од тенџерето во еден сад.
Додадете ги парчињата путер во пудингот и мешајте сѐ додека путерот не се растопи.
Оставете го пудингот и понатаму да се лади, а повремено промешајте за да спречите да се формира дебел слој на површината.
Во меѓувреме, искршете ги бисквитите со вкус на какао на четвртинки.
300 гр бисквити со вкус на какао
Кога пудингот ќе биде речиси оладен, додадете му ја кората од лиметата.
Додадете го шмандот и добро промешајте.
150 гр шманд
Додадете ги четвртинките од бисквитите во пудингот.
Излупете ги бананите и исечете ѓи на мали парчиња, посипете ги со сокот од лимета.
600 гр банани
Додадете ги бананите во пудингот и промешајте.
Ставете ја целата смеса во калапот со димензии 24x24 цм, претходно премачкан со путер и убаво измазнете.
Ставете го кремот за готвење, ванилиниот шеќер, шеќерот во прав и пакетчето зацврстувач на крем во сад за матење и матете рачно или со помош на миксер сѐ додека смесата не се згусне.
250 мл крем за готвење, 1 лажица шеќер во прав, 1 пакетче ванилин шеќер, 1 пакетче зацврстувач на крем
Распоредете го рамномерно кремот врз тортата и притоа внимавајте да биде секаде подеднакво.
Сега дојдовме до најтешкото кај овој рецепт: тортата треба да отстои во фрижидер 4 до 5 часа.
Кога ќе помине времето за ладење, извадете ја тортата од фрижидер, украсете и послужете.