Go Back
–+ servings
Polneti piperki so bulgur-Recept-bellakujna

Полнети пиперки со булгур

Вегетаријански пиперки полнети со булгур и зеленчук со одличен вкус и здрави состојки.
Сподели
Припрема 30 minutes
Печење 30 minutes
Вкупно 1 hour
Порции: 6 Порции
Јадење: Главни Јадења
Потекло: Македонија
Калории: 373.1kcal

Состојки
  

  • 6 црвени пиперки
  • 2 главици кромид (црвен)
  • 4 моркови
  • 250 г булгур (крупен)
  • 18 домати (шери)
  • 4 чешниња лук
  • 1 китка магдонос
  • 1 китка нане
  • 120 г кашкавал (рендан)
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка бибер
  • 2 лажички вегета
  • 1 лажичка куркума
  • 250 мл вода (врела)
  • Масло за пржење

Подготовка
 

  1. Излупете го кромидот, морковот и лукот и исечете ги на мали парчиња.
    2 главици кромид, 4 моркови, 4 чешниња лук
  2. Измијте ги магдоносот и нането и исечкајте ги ситно.
    1 китка магдонос, 1 китка нане
  3. Измијте го булгурот во цедалка под млаз вода, ставете го во тенџере и посипете го со врела вода, покријте го и оставете го на страна да ја упие водата.
    250 г булгур, 250 мл вода
  4. Кромидот и морковот пропржете ги во тава со малку масло.
  5. Кога кромидот ќе стане стаклест, додадете го лук и пропржете го заедно со кромидот.
  6. Потоа во зеленчукот додадете го булгурот и измешајте сè заедно.
  7. Зачинете со сол, бибер, куркума и половина од вегетата, 1 лажичка.
    1 лажичка сол, 1 лажичка бибер, 2 лажички вегета, 1 лажичка куркума
  8. Додадете ги исечканите магдонос и нане и промешајте.
  9. Измијте ги пиперките, преполовете ги и отстранете ги семките. Така исечените пиперки ставете ги на плех обложен со хартија за печење. Со останатата вегета посипете го внатрешниот дел од пиперките.
    6 црвени пиперки
  10. Загрејте ја рерната на 220°C (рерна со вентилација 200°C).
  11. Со мешавината од булгур и зеленчук наполнете ги пиперките.
  12. Преполовете ги малите домати и ставете ги врз пиперките.
    18 домати
  13. Распоредете го кашкавалот врз пиперките.
    120 г кашкавал
  14. Ставете го плехот за печење во рерна и печете 30 минути.
  15. Кога ќе поминат 30 мин, извадете ги пиперките од рерна, сервирајте ги и послужете.
    Polneti piperki so bulgur-Serviranje-bellakujna

Нутриент

Нутритивни факти
Полнети пиперки со булгур
Количина по порција
Калории
373.1
% Дневна вредност*
Масти
 
9.5
g
15
%
Јаглехидрати
 
54.3
g
18
%
Протеини
 
15.1
g
30
%
* Процентуални дневни вредности на хранливи материи на просечен возрасен (8400 kj/2000 kcal) според Регулативата (ЕУ) бр. 1169/2011.

Нашиот Инстаграм

Заследете @bellakujna!