Go Back
–+ servings
Pica od modar patlidjan so svezi bilki-Recept-bellakujna

Пица од модар патлиџан со свежи билки

Вкусна и здрава пица без тесто со многу витални материи.
Сподели
Prep Time 20 minutes
Припрема 20 minutes
Печење 10 minutes
Вкупно 50 minutes
Порции: 4 Порции
Јадење: Главни Јадења, Прилози
Потекло: Германско, Македонско
Калории: 316.9kcal

Состојки
  

  • 2 модри патлиџани (големи, 700 грама)
  • 200 гр доматен сос Арабијата (алтернативно било кој сос)
  • 3-4 лажички капари
  • 15 маслинки (црни, без семка)
  • 30 гр пченка (од теглата)
  • 150 гр кашкавал (рендан)
  • 2-3 млади кромидчиња
  • 2-3 лажици свежи билки - оригано (мајчина душица, риган, магдонос -, алтернативно 1-2 лажички сушени билки)
  • 50 мл маслиново масло
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка црн бибер (свежо мелен)
Топинг и декорација
  • Пармезан (струготини)
  • Листови од босилек

Подготовка
 

  1. Младиот кромид и маслинките исечкајте ги на мали прстени.
    2-3 млади кромидчиња, 15 маслинки
  2. Измијте, сортирајте и ситно исечкајте ги билките.
    2-3 лажици свежи билки - оригано
  3. Оставете ги капарите цели или исечкајте ги на мали парчиња.
    3-4 лажички капари
  4. Истурете ја пченката низ цедалка и оставете да се исцеди.
    30 гр пченка
  5. Загрејте го грил тостерот.
  6. Модрите патлиџани исечкајте ги по должина на 4 кришки и премачкајте ги со маслиново масло. Парчињата модар патлиџан испечете ги на тостерот и оставете ги на страна.
    50 мл маслиново масло
  7. Во меѓувреме, додадете ги мешаните билки, сол и бибер во сосот од домати и измешајте.
    200 гр доматен сос Арабијата, 1 лажичка сол, 1 лажичка црн бибер, 2-3 лажици свежи билки - оригано
  8. Загрејте ја рерната на 220°C (200°C рерна со циркулирачки воздух).
  9. Наредете ги модрите патлиџани на плех обложен со хартија за печење и зачинете со малку сол и бибер.
  10. Премачкајте го сосот од домати рамномерно врз парчињата модар патлиџан и посипете половина од ренданиот кашкавал врз сосот од домати.
  11. Потоа врз кашкавалот наредете ги маслинките и капарите.
  12. Одозгора распоредете го кромидот и пченката.
  13. На крај посипете го преостанатиот кашкавал.
  14. Плехот со модрите патлиџани ставете го во загреана рерна 10 минути да се потпечат.
  15. Откако пицата со модар патлиџан ќе зарумени, извадете го деликатесот од рерна, наредете го, украсете со струготини од пармезан и босилек и послужете.
    Пармезан, Листови од босилек
    Pica od modar patlidjan so svezi bilki-Serviranje-bellakujna

Нутриент

Нутритивни факти
Пица од модар патлиџан со свежи билки
Количина по порција
Калории
316.9
% Дневна вредност*
Масти
 
19
g
29
%
Јаглехидрати
 
18.6
g
6
%
Протеини
 
13.9
g
28
%
* Процентуални дневни вредности на хранливи материи на просечен возрасен (8400 kj/2000 kcal) според Регулативата (ЕУ) бр. 1169/2011.

Забелешка

  1. Доколку не поседувате грил тостер, модрите патлиџани можете да ги запржете во тава или да ги запечете на скара.
  2. Филот за пица од модар патлиџан може да го замените по ваш вкус.

Нашиот Инстаграм

Заследете @bellakujna!