Излупете го мангото и исечете го на мали парчиња. Одвојте четири тенки ленти за декорација.
1 манго
Изрендајте ја кората од лиметата.
1 лимета
Во тавче растопете го путерот. Додадете го шеќерот од сурова трска и измешајте со путерот.
10 гр путер, 1 лажица шеќер од сурова трска
Додадете ги парчињата манго и оставете ги да се карамелизираат.
Прелијте со ликер од кокос или кокосово млеко.
50 мл ликер од кокос
Додадете ги кокосовите снегулки и динстајте 1-2 минути мешајќи додека не се формира убава маса. Оставете ја тавата на страна да се излади.
2 лажици кокос
Во сад ставете го маскарпонето. Додадете ја кората од лимета и сирупот од малини и измешајте во мазен крем.
250 гр маскарпоне, 1 лимета, 3 лажици сируп од малини
Додадете ги муслите и добро измешајте.
3 лажици мусли
Наполнете две соодветни чаши со околу 40% од кремот. Над кремот во секоја чаша додадете половина од смесата со манго, па наполнете со преостанатиот крем од маскарпоне.
Декорирајте со резервираните кришки манго и ф'стаци и послужете.
1 лажица ф'стаци
Нутриент
Нутритивни факти
Манго-Mусли десерт во чаша
Количина по порција
Калории
685.2
% Дневна вредност*
Масти
46.4
g
71
%
Јаглехидрати
44.9
g
15
%
Протеини
11.3
g
23
%
* Процентуални дневни вредности на хранливи материи на просечен возрасен (8400 kj/2000 kcal) според Регулативата (ЕУ) бр. 1169/2011.
Забелешка
Доколку ја сакате свежината на лиметата, во кремот можете да додадете 1-2 лажички сок од лимета.
Променлив е и видот на муслите. Јас користев мусли со бобинки бидејќи користев и сируп од малини, но изборот е ваш.