Go Back
–+ servings
Leb so fil od semki-Rezept-bellakujna

Леб со фил од семки

Леб со пријатно изненадувачка содржина, многу различни семки во еден мек леб со крцкава кора и полн вкус.
Сподели
Припрема 15 minutes
Печење 45 minutes
Вкупно 1 hour
Порции: 25 Порции
Јадење: Леб, Печива
Потекло: Германија
Калории: 117.2kcal

Состојки
  

  • 500 г брашно (тип 550)
  • 1 пакетче квасец (сув)
  • 350 мл вода (млака)
  • 5 лажици маслиново масло
  • 1 лажичка сол
  • ½ лажичка шеќер од кокос (алтернативно шеќер)
  • 100 г семки (семки од тиква, семки од сончоглед, сусам, ленено семе)
  • 1 лажичка јаболков оцет

Подготовка
 

  1. Просејте го брашното низ сито во сад, додајте го квасецот и измешајте ги.
    500 г брашно, 1 пакетче квасец
  2. Истурете вода, масло, оцет, сол и шеќер во сад за месење.
    350 мл вода, 5 лажици маслиново масло, 1 лажичка сол, ½ лажичка шеќер од кокос, 1 лажичка јаболков оцет
  3. Додајте ја смесата од брашно во садот за мешање и месете го тестото околу 10 минути или со машина за месење или со рака.
  4. Покријте го садот со тестото и оставете да стаса на топло место најмалку 30 минути, тестото треба да се дуплира.
  5. Извадете го тестото од садот на набрашнета работна површина и повторно месете.
  6. Расукајте го тестото, со дијаметар од околу 30 см, и намачкајте го со малку млака вода.
  7. Посипете ги семките врз тестото, распоредете ги и лесно притиснете ги во тестото.
  8. Завиткајте го тестото со мал притисок и премачкајте го со малку млака вода.
  9. Посипете семки на работната маса и увалкајте го лебот, така да целиот биде обвиткан со семките.
  10. Ставете го лебот на плех обложен со хартија за печење, покријте го и оставете го повторно да нарасне.
  11. Загрејте ја рерната на 220°C (200°C со циркулирачки воздух).
  12. Ставете го лебот во загреана рерна и печете 20 минути. По ова време, намалете ја топлината на 200°C (180°C) и печете уште 20-25 минути.
  13. Извадете го миризливиот леб од рерната и оставете го настрана да се излади со мала насмевка на лицето. Откако ќе се излади исечете и послужете.
    Leb so fil od semki-Serviranje-bellakujna

Нутриент

Нутритивни факти
Леб со фил од семки
Количина по порција
Калории
117.2
% Дневна вредност*
Масти
 
5
g
8
%
Јаглехидрати
 
14.7
g
5
%
Протеини
 
3
g
6
%
* Процентуални дневни вредности на хранливи материи на просечен возрасен (8400 kj/2000 kcal) според Регулативата (ЕУ) бр. 1169/2011.

Нашиот Инстаграм

Заследете @bellakujna!