Загреј ја рерната на 160°C или (140°C со вентилатор).
Ситно издроби го кадаифот со раце и стави го во тава. Додај го маргаринот и измешај. Печи го во загреана рерна 20-25 минути, потоа извади и остави да се излади. Алтернативно, можеш да ја користиш традиционалната метода на баба ми - пржи го кадаифот со маргаринот на слаб оган, мешајќи додека не добие златно-кафеава боја. Остави да се излади.
160 гр кадаиф, 60 гр маргарин
Подготовка на шербетот: Во тенџере стави вода (170 мл), шеќер, ванилин шеќер и сок од лимета. Остави да зоврие. Кога шеќерот целосно ќе се растопи, прелиј го жешкиот шербет врз кадаифот и измешај. Повремено промешувај додека кадаифот не го впие шербетот.
130 гр шеќер, 170 мл вода, 1 пакување бурбон ванилин шеќер, 2 лажички сок од лимета
Во чинија измешај кадаиф, сусамова паста, крем од ф'стаци и сечкани ф'стаци додека не добиеш хомогена смеса.
160 гр кадаиф, 70 гр ф'стаци, 2 лажички сусамова паста, 100 гр крем од ф'стаци
На работна површина, рашири една кора, премачкај со маргарин, попрскај со минерална вода и нароси сусам. Врз неа стави втора кора и повторно премачкај со маргарин, вода и сусам. Ова помага за разделување на слоевите и создавање на совршена крцкавост. На подготвените кори нанеси 1/5 од филот, остави 2 cm слободен раб.
250 гр кори, 100 гр маргарин, 100 мл минерална вода, 5 лажички сусам
Свиткај во ролна и пресечи на 6 парчиња. Нареди ги ролничките во плех обложен со хартија за печење.
Повтори го процесот со сите кори. Кога ќе завршиш, ќе имаш 30 ролнички со кадаиф и ф'стаци. Секое ролниче премачкај го со преостанатиот маргарин и минерална вода.
Загреј ја рерната на 180°C или (160°C со вентилатор).
Печи 25-30 минути, додека не добијат златно-кафеава боја. Извади од рерна и остави да се изладат.
Во меѓувреме исечкај ја чоколадата и растопи ја на пареа. Стави ја чоколадата во шприц ќесе и украси ги ролничките. Нароси со ситно сечкани ф'стаци.
200 гр веганска чоколада, 40 гр ф'стаци
Ова прекрасно печиво од 1001 ноќ е подготвено за сервирање!
Ќе им понудите на семејството и гостите вистинско гастрономско уживање.