Go Back
–+ servings
Kompiri - peceni i panirani-Recept-bellakujna

Компири-печени и панирани

Прекрасен специјалитет, со уникатна панада што ги прави компирите вкусни издрави.
Сподели
Припрема 15 minutes
Печење 40 minutes
Вкупно 55 minutes
Порции: 4 Порции
Јадење: Главни Јадења, Прилози
Потекло: Германија
Калории: 338.9kcal

Состојки
  

  • 12 компири (мали)
  • 1-2 лажици масло
  • 3 лажици сусам
  • 3 лажици ленено семе (мелено)
  • 1 лажичка ким
  • 3 лажици буковец (благ)
  • 3 лажички сол со билки (алтернативно сол)
  • 1 лажичка бибер (свежо мелен)
  • масло за пржење

Подготовка
 

  1. Загрејте ја рерната на 180°C.
  2. Измијте ги и избришете ги компирите. Ставете ги на плех обложен со хартија за печење. Намачкајте ги со масло.
    12 компири, 1-2 лажици масло
  3. Ставете ги компирите во загреана рерна и печете ги околу 40 минути.
  4. Кога ќе истече времето, користете остар нож за да проверите дали компирот е мек. Ако е така, извадете го и оставете го на страна малку да се излади.
  5. Додека се печат компирите, ставете ги сите состојки за панирање во сад или длабока чинија и измешајте ги.
    3 лажици сусам, 3 лажици ленено семе, 1 лажичка ким, 3 лажици буковец, 3 лажички сол со билки, 1 лажичка бибер
  6. Ова време може да се искористи и за подготовка на дипот.
    Zdrav dip, lesen i brz-Recept-bellakujna
  7. Кога компирите се сеуште млаки, излупете ги и ставете ги во тањирот за панирање (смесата со зачини) и увалкајте ги во неа.
  8. Лесно притиснете ја панадата за да се залепи за компирите.
  9. Загрејте го маслото за пржење во длабока тава или тенџере. Пропржете ги компирите на средна температура по 2-3 минути од секоја страна. Ставете ги во чинија обложена со кујнска хартија.
    масло за пржење
  10. Наредете ги прекрасните компири со дип или парче месо и послужете.
    Kompiri - peceni i panirani-Serviranje-bellakujna

Нутриент

Нутритивни факти
Компири-печени и панирани
Количина по порција
Калории
338.9
% Дневна вредност*
Масти
 
12.1
g
19
%
Јаглехидрати
 
44.1
g
15
%
Протеини
 
8.4
g
17
%
* Процентуални дневни вредности на хранливи материи на просечен возрасен (8400 kj/2000 kcal) според Регулативата (ЕУ) бр. 1169/2011.

Video

Забелешка

Го сакам методот на подготовка на компир опишан погоре. Само тогаш компирот може да биде многу вкусен, бидејќи кога се вари во вода, а потоа водата се фрла, тој никогаш не може да го задржи вкусот и сите здрави состојки (затоа што тие си заминуваат со водата).

Нашиот Инстаграм

Заследете @bellakujna!