Состојки
Подготовка
- Излупете ги надворешните листови од зелката и пресечете ја на половина. Ако зелката е голема, подобро е да ја исечете на четири дела. Потоа ситно изрендајте или исечкајте ја зелката.400 гр зелка

- Излупете ги морковите и изрендајте ги на покрупната страна на рендето.2 моркови

- Излупете го кромидот, исечете го на четвртинки, а потоа исечете го на тенки парчиња.2 главици кромид

- Во подлабок сад ставете ги зелката, кромидот и морковот.

- За преливот ставете ги сите состојки во мало тенџере - оцет, масло, шеќер, сол, бибер и сенф. Измешајте ги и оставете да зовријат.70 мл балсамико оцет, 30 мл масло, 20 гр шеќер, 20 гр сол, 1 лажичка бибер, 1 лажичка сенф

- Кога преливот ќе зоврие, прелијте го врз салатата.

- Сега добро измешајте ја салатата со преливот, притиснете малку, покријте и оставете ја на страна да се излади (по можност преку ноќ).

- Кога ќе се излади, повторно измешајте ја салатата, пробајте, наредете и послужете.

Нутриент
Забелешка
Со попарување на салатата со врелиот прелив, кромидот губи дел од својата пикантност, но го задржува својот вкус.
