Go Back
–+ servings
Zacin za medenjaci-Recept-bellakujna

Зачин за медењаци

Направете го сами традиционалниот зачин за медењаци или лебкухен.
Сподели
Припрема 15 minutes
Вкупно 15 minutes
Порции: 2 Порции
Јадење: Основни рецепти
Потекло: Германија
Калории: 85.3kcal

Состојки
  

Состојки за тегличка од 32 грама
  • 4 лажички цејлонски цимет (12 грама)
  • 2 лажички каранфилче (6 грама)
  • 1 лажичка кардамон (4 грама)
  • 1 лажичка морско оревче (4 грама)
  • 1 лажичка анасон (4 грама)
  • ½ лажичка пимент (2 грама - замена црн бибер во зрна)

Подготовка
 

  1. Измерете ги сите состојки, ставете ги во аван.
    4 лажички цејлонски цимет, 2 лажички каранфилче, 1 лажичка кардамон, 1 лажичка морско оревче, 1 лажичка анасон, ½ лажичка пимент
  2. Истолчете ги многу ситно. Секој што има добар блендер може да го користи (сомелете ги).
  3. Готовата смеса просејте ја низ ситно сито (цедалка), a крупните остатоци од зачините повторно истолчете (сомелете) ги.
  4. Готовиот зачин истурете го во мала тегла или употребете го веднаш за печење.
    Zacin za medenjaci-Napravete sami-bellakujna

Нутриент

Нутритивни факти
Зачин за медењаци
Количина по порција
Калории
85.3
% Дневна вредност*
Масти
 
2
g
3
%
Јаглехидрати
 
14.1
g
5
%
Протеини
 
1.2
g
2
%
* Процентуални дневни вредности на хранливи материи на просечен возрасен (8400 kj/2000 kcal) според Регулативата (ЕУ) бр. 1169/2011.

Забелешка

  1. Карактеристика на Пимент (Allspice)
  • Посебна карактеристика на Пименто е неговиот уникатен вкус, кој ги комбинира нијансите на цимет со морско оревче, црн бибер и каранфилче. Поради својот квалитет и топлина, овој зачин има широк спектар на намени.
  1. Направете замена за Piment од три други зачини
  • Пименто има интензивен вкус кој може да се замени со други зачини.
  • За основна смеса ви треба мелено каранфилче, цимет во прав и мелено морско оревче.
  • За една лажичка замена за пимент, измешајте половина лажичка од секој од трите зачини заедно.
  • Смесата може да се чува со месеци без да го изгуби вкусот. Ставете ја во херметички сад и чувајте ја на темно.
  1. Готовиот зачин наполнет во мала тегличка или убава торбичка е идеален за подарок како мал сувенир за следната посета на пријателите.

Нашиот Инстаграм

Заследете @bellakujna!