Go Back
–+ servings
Energetski pralini so suvo ovosje i jatkasti plodovi-Recept-bellakujna

Енергетски пралини со суво овошје и јаткасти плодови

Вкусни пралини со суво овошје и јаткасти плодови полни со витални материи и енергија.
Сподели
Припрема 30 minutes
Вкупно 30 minutes
Порции: 18 Пралини
Јадење: Колачиња
Потекло: Германија, Македонија
Калории: 166.3kcal

Состојки
  

  • 100 гр урми (суви)
  • 100 гр кајсии (суви)
  • 100 гр чипс од банана (суви)
  • 50 гр смокви (суви)
  • 50 гр лешници (мелени)
  • 100 гр бадеми (мелени)
  • 100 гр путер (стопен или за посни маргарин)
  • 1 лажица екстракт од ванила (или ванилин шекер)
  • 1 лажичка цимет
  • 2 лажици шеќер од урми (замена кафен шекер)
  • 1 лимета (сок и кора)
За увалкување
  • 50 гр бадеми (мелени)

Подготовка
 

  1. Грубо исечете ги урмите, кајсиите и смоквите.
    100 гр урми, 100 гр кајсии, 50 гр смокви
  2. Изрендајте ја кората од лиметата и потоа исцедете ја.
    1 лимета
  3. Парчињата урми, кајсии и смокви ставете ги во блендер. Додадете го шеќерот од урми и половина од мелените лешници и ситно сомелете ја содржината - видете во забелешката -.
    2 лажици шеќер од урми
  4. Чипсот од банана ставете го во блендер и исто така сомелете го.
    100 гр чипс од банана
  5. Во сад ставете ја смесата од суво овошје и чипсот од банана. Додадете ги останатите состојки (стопен путер, екстракт од ванила, цимет, кора од лимета, сок од лимета и мелени лешници) и измешајте сè до хомогена маса. Оставете ја смесата да отстои 10 до 15 минути.
    100 гр путер, 1 лажичка цимет, 1 лажица екстракт од ванила
  6. Со помош на лажица за сладолед обликувајте топчиња од смесата од суво овошје и јаткасти плодови. Потоа извалкајте ги во мелени бадеми и скријте ги во фрижидер 2-3 часа. Криењето во фрижидер од глувчињата е најтешкиот дел од целата подготовка 😉.
    50 гр бадеми
  7. По времето на ладење, бомбиците може да се наредат и послужат или со други зборови: да се стават пред нос за оние сто неможат да издржат повеќе. Во моето семејство не издржаа 24 часа.
    Energetski pralini so suvo ovosje i jatkasti plodovi-Serviranje-bellakujna

Нутриент

Нутритивни факти
Енергетски пралини со суво овошје и јаткасти плодови
Количина по порција
Калории
166.3
% Дневна вредност*
Масти
 
11.1
g
17
%
Јаглехидрати
 
12.7
g
4
%
Протеини
 
2.8
g
6
%
* Процентуални дневни вредности на хранливи материи на просечен возрасен (8400 kj/2000 kcal) според Регулативата (ЕУ) бр. 1169/2011.

Забелешка

Сувото овошје е многу лепливо и многу тешко се меле во блендер. Овошјето секогаш се држи до работ, а ножевите се вртат во празнината. Поради оваа причина го додавам шеќерот од урмите и дел од јаткастите плодови. Тие ја апсорбираат влагата и масата лесно може да се смеле.

Нашиот Инстаграм

Заследете @bellakujna!