Go Back
–+ servings
Hamburger lepcinja so susam-Recept-bellakujna

Хамбургер лепчиња со сусам

Кадифени хамбургер лепчиња со неспоредлив вкус, лесно и брзо се прават.
Сподели
Припрема 30 minutes
Време на стасуванје и печење 1 hour 25 minutes
Вкупно 1 hour 55 minutes
Порции: 8 Хамбургер лепчиња
Јадење: Лепчиња, Печива
Потекло: Германија
Калории: 275.7kcal

Состојки
  

  • 500 гр гр брашно
  • 200 мл млеко (1,5% мрснина, млако)
  • 50 гр маргарин (собна температура)
  • 125 мл вода (млака)
  • 1 лажичка сол
  • ½ лажичка шеќер
  • 1 пакетче квасец (сув)
  • 1 лажица сусам
  • 1 лажица млеко (1,5% мрснина)

Подготовка
 

  1. Брашното просејте го низ сито во сад, додадете ги солта, шеќерот и квасецот и измешајте.
    500 гр гр брашно, 1 лажичка сол, ½ лажичка шеќер, 1 пакетче квасец
  2. Во сад за месење ставете го топлото млеко, млаката вода и маргаринот.
    200 мл млеко, 125 мл вода, 50 гр маргарин
  3. Додадете ја смесата со брашно. Ставете го садот за месење во кујнскиот робот и месете со куката за тесто околу 10 минути за да добиете хомогено тесто. Тестото по желба можете да го замесите и со рака.
  4. Покријте го тестото и оставете го да нарасне на топло место околу 30-60 минути, тестото треба приближно да се удвои во големина.
  5. Откако ќе нарасне, размесете го тестото на набрашнета работна површина.
  6. Поделете го тестото со помош на картичка за тесто.
  7. Потоа формирајте топки со тежина од 80-100 гр. Ставете ги на работната површина со мазната страна нагоре.
  8. Топчињата од тесто притиснете ги рамно и во круг и ставете ги на плех обложен со хартија за печење.
  9. Кога ќе се формираат сите лепчиња, повторно покријте и оставете да нараснат по втор пат.
  10. Загрејте ја рерната на 190°C (рерна со вентилација 170°C).
  11. По околу 30 минути, лепчињата намачкајте ги со млеко, посипете ги со сусам и ставете го плехот во загреанатa рерна.
    1 лажица сусам, 1 лажица млеко
  12. Времето за печење е 20-25 минути, а мирисот на хамбургер лепчињата полека се шири од кујната во другите простории и го привлекува семејството.
  13. По кратко време на ладење, хамбургер лепчињата може да се наполнат, наредат и послужат.
    Hamburger lepcinja so susam-Serviranje-bellakujna

Нутриент

Нутритивни факти
Хамбургер лепчиња со сусам
Количина по порција
Калории
275.7
% Дневна вредност*
Масти
 
6
g
9
%
Јаглехидрати
 
45.6
g
15
%
Протеини
 
7.7
g
15
%
* Процентуални дневни вредности на хранливи материи на просечен возрасен (8400 kj/2000 kcal) според Регулативата (ЕУ) бр. 1169/2011.

Нашиот Инстаграм

Заследете @bellakujna!