Go Back
–+ servings
Sendvic so hamburger na gril toster-Recept-bellakujna

Сендвич со хамбургер на грил тостер

Сендвич со хамбургер на грил тостер, лесен, брз, неверојатно вкусен, храна за со прсти во најдобра форма.
Сподели
Припрема 20 minutes
Вкупно 20 minutes
Порции: 4 Порции
Јадење: Сендвичи
Потекло: Германско, Македонско
Калории: 201.5kcal

Состојки
  

  • 4 лепчиња за хамбургери
  • 1 домат
  • 2 млади кромидчиња
  • ¼ пиперка
  • 20 гр салама (кулен)
  • 8 лажички мајонез
  • 8 лажички кечап
  • 8 парчиња топено сирење (тост кашкавал)

Подготовка
 

  1. Измијте го доматот и исечете го на мали коцки.
    1 домат
  2. Исчистете, измијте и исечете ги кромидчињата на мали кругчиња.
    2 млади кромидчиња
  3. Измијте ја пиперката и исечете ја на ситни коцки.
    ¼ пиперка
  4. Саламата со пиперка исечкајте ја на ситни парчиња.
    20 гр салама
  5. Вклучете го тостерот и загрејте го.
  6. Исечете ги лепчињата на половина и едната половина премачкајте ја со 2 лажички мајонез, а другата половина со 2 лажички кечап.
    4 лепчиња за хамбургери, 8 лажички мајонез, 8 лажички кечап
  7. Половината намачкана со кечап покријте ја со сирење, пиперка исечкана на коцки и прстени кромид.
    8 парчиња топено сирење
  8. Потоа одозгора ставете друго парче сирење и покријте го со домати исечкани на коцки и мали парчиња салама.
  9. Другата половина од лепчето ставете ја одозгор и притиснета малку. Ставете го готовиот сендвич на тостерот.
  10. Затворете го тостерот и печете го сендвичот околу 2 минути.
  11. Истото направете го и со другите хамбургери.
  12. Кога сите се готови наредете ги и послужете ги вкусните сендвичи.
    Sendvic so hamburger na gril toster-Serviranje-bellakujna

Нутриент

Нутритивни факти
Сендвич со хамбургер на грил тостер
Количина по порција
Калории
201.5
% Дневна вредност*
Масти
 
11.8
g
18
%
Јаглехидрати
 
17.85
g
6
%
Протеини
 
4.9
g
10
%
* Процентуални дневни вредности на хранливи материи на просечен возрасен (8400 kj/2000 kcal) според Регулативата (ЕУ) бр. 1169/2011.

Забелешка

  1. Ако сакате вегетаријански сендвич, само изоставете ја саламата.
  2. Можете да го менувате преливот како што сакате. Малку лук или чили одговара многу добро.

Нашиот Инстаграм

Заследете @bellakujna!