Ставете ги бадемите во сад и прелијте ги со врела вода.
200 г бадеми со лушпа
По една до две минути, исцедете ги бадемите преку цедалка. Излупете ги бадемите така што ќе ги истуркате од лушпата со прстите.
Ставете ѓи бадемите во тава без масло и пржете ѓи 3-5 минути (средна топлина) со почесто мешање, да не загорат. Така бадемовата арома ќе биде поинтензивна.
Ставете ги бадемите во машина за мелење (сецко) и мелете ги фино, толку фино како брашно.
Во еден сад просејте го шеќерот во прав и додајте ги мелените бадеми. Додадете прво една лажица розова вода и маслото од горчлив бадем и месете сè во мазно тесто. Ако тестото е суво и се роне додадете ја и другата вода и измесете го тестото фино, да добие убава и мазна конзистентност.
150 г шеќер во прав, 2 лажици розова вода, 6 капки масло од горчлив бадем
Кога марципанот е подготвен завиткајте го во кујнска фолија и ставете го во доза. Тој треба да се чува херметички затворен во фрижидер.
Тогаш домашниот марципан е подготвен за понатамошна обработка.
Нутриент
Нутритивни факти
Направете марципан сами
Количина по порција
Калории
1661.3
% Дневна вредност*
Масти
61.6
g
95
%
Јаглехидрати
240.1
g
80
%
Протеини
28
g
56
%
* Процентуални дневни вредности на хранливи материи на просечен возрасен (8400 kj/2000 kcal) според Регулативата (ЕУ) бр. 1169/2011.
Video
Забелешка
За да се направе марципан може да се користи нелупен, излупен или мелен бадем.
Користев неизлупени бадеми за овој рецепт бидејќи, за разлика од излупените бадеми, тие не ја губат брзо влажноста.
Розова вода може да најдете во аптека. За замена може да употребете вода, амарето, сок од портокал или сок од јаболко.