Go Back
+ servings
Marcipan stapcinja so fstaci-Recept-bellakujna

Марципан стапчиња со фстаци

Пециво што се топи во уста, без брашно, со совршен вкус. Марципан и фстаци во прекрасна комбинација.
Сподели
Припрема 30 minutes
Ладење и печење 1 hour 15 minutes
Вкупно 1 hour 45 minutes
Порции: 25 Стапчиња
Јадење: Колачиња, Пецива
Потекло: Германија
Калории: 79.5kcal

Состојки
  

Тесто
  • 200 гр сурова смеса од марципан
  • 1 јајце (големина М)
  • 60 гр суров шеќер од трска (алтернативно бел шеќер)
  • 100 гр фстаци (мелени)
  • 20 мл ликер од фстаци (или амарето)
Глазура
  • 1 чаша чоколадна глазура (200 гр)

Подготовка
 

  1. Излупете ги и сомелете ги ф'стаците. Ф'стаците не се евтини состојки, затоа купувам несолени, непечени фстаци во лушпа и самa ги лупам.
    100 гр фстаци
  2. Исечете ја смесата марципан на мали коцки.
    200 гр сурова смеса од марципан
  3. Во сад за матење ставете ги марципанот, мелените фстаци, ликерот од фстаци, шеќерот и јајцето. Измешајте ги сите состојки до хомогена маса, со рачен миксер или кујнски робот.
    200 гр сурова смеса од марципан, 1 јајце, 60 гр суров шеќер од трска, 100 гр фстаци, 20 мл ликер од фстаци
  4. Готовото тесто извадете го од садот, завиткајте го во фолија за домаќинство и ставете го во фрижидер еден час.
  5. По истекот на времето за одмор извадете го тестото од фрижидер.
  6. Загрејте ја рерната на 180°C.
  7. Извадете го тестото од фолијата и исечете дел од него. Од ова парче тесто расукајте стапче дебело како прст на работната плоча. Овој стап за тесто поделете го на стапчиња долги 6 см. Ставете ги овие стапчиња на плех обложен со пергамент.
  8. На овој начин целото тесто обликувајте го во стапчиња едно по едно.
  9. Плехот за печење со стапчињата марципан-фстаци ставете го во загреана рерна и оставете да се печат 15 минути.
  10. На крајот од времето за печење, извадете ги од рерна прекрасните миризливи стапчиња и оставете ги на страна да се изладат.
  11. Загрејте ја чоколадната глазура според упатството на пакувањето.
    1 чаша чоколадна глазура
  12. Двата краја на стапчињата потопете ги во глазурата и ставете ги на решетка да се стегнат.
  13. Наредете и послужете ги вкусните стапчиња со марципан и фстаци.
    Марципан стапчиња со фстаци

Нутриент

Нутритивни факти
Марципан стапчиња со фстаци
Количина по порција
Калории
79.5
% Дневна вредност*
Масти
 
3.8
g
6
%
Јаглехидрати
 
9.1
g
3
%
Протеини
 
1.8
g
4
%
* Процентуални дневни вредности на хранливи материи на просечен возрасен (8400 kj/2000 kcal) според Регулативата (ЕУ) бр. 1169/2011.

Нашиот Инстаграм

Заследете @bellakujna!