Go Back
–+ servings
Losos file vo krem sos so vino-Recept-bellakujna

Лосос филе во крем сос со вино

Нежно лосос филе во кремаст сос со хармоничен и одличен вкус.
Сподели
Припрема 20 minutes
Вкупно 20 minutes
Порции: 2 Порции
Јадење: Главни Јадења
Потекло: Германија
Калории: 1013.8kcal

Состојки
  

  • 2 филети лосос (без кожа)
  • 2-3 млади кромидчиња
  • 300 мл крем за готвење (неутрален)
  • 100 мл бело вино (суво)
  • 2 лажички вегета
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка црн бибер (свежо мелен)
  • 2 лажици масло за пржење

Подготовка
 

  1. Измијте ги младите кромидчиња и исечете ги на мали прстени.
    2-3 млади кромидчиња
  2. Филетите лосос пропржете ги во тава со масло по 3-4 минути од секоја страна. Зачинете ја рибата со малку сол, бибер и вегета, извадете ја од тавата и тргнете ја на страна.
    2 филети лосос
  3. Во истото масло кратко пропржете ги прстените кромид.
    2 лажици масло за пржење
  4. Истурете го кремот за готвење и виното и измешајте со кромидот.
    100 мл бело вино, 300 мл крем за готвење
  5. Зачинете го сосот со останатите зачини.
    2 лажички вегета, 1 лажичка сол, 1 лажичка црн бибер
  6. Ставете го лососот во сосот со горната страна надолу и оставете го кратко да се повари.
  7. Превртете ги филетите и продолжете да гответе додека сосот не ја достигне саканата конзистентност.
  8. Со лососот како прилог послуживме компири пржени на путер. (Сварете мали компири, излупете ги и пржете на многу путер додека не поруменат, зачинете со сол, вегета и црн бибер).
  9. Филетите од лосос извадете ги од тавата, прелијте ги со сосот и послужете. Со него одлично одат и варени компири, ориз или тестенини.
    Losos file vo krem sos so vino-Serviranje-bellakujna

Нутриент

Нутритивни факти
Лосос филе во крем сос со вино
Количина по порција
Калории
1013.8
% Дневна вредност*
Масти
 
78.3
g
120
%
Јаглехидрати
 
16.7
g
6
%
Протеини
 
50.6
g
101
%
* Процентуални дневни вредности на хранливи материи на просечен возрасен (8400 kj/2000 kcal) според Регулативата (ЕУ) бр. 1169/2011.

Забелешка

  1. Љубителите на сос може да ја зголемат количината на крем за готвење на 400 ml.
  2. Доколку имате деца, белото вино можете да го замените со 1-2 лажички сок од лимон и на тој начин да ја добиете потребната киселост на сосот.

Нашиот Инстаграм

Заследете @bellakujna!