Go Back
–+ servings
Limon-Torta so krem sirenje i belo cokolado-Recept-bellakujna

Лимон-Торта со крем сирење и бело чоколадо

Уникатна комбинација од лимон, крем сирење и бело чоколадо на база на чоколаден бисквит.
Сподели
Припрема 36 minutes
Време на ладење 3 hours
Вкупно 3 hours 36 minutes
Порции: 8 Порции
Јадење: Торти
Потекло: Германско
Калории: 514.2kcal

Состојки
  

Состојки за калап со Ø 24 см
Кекс основа
  • 200 гр бисквити (со какао)
  • 125 гр путер
  • 20 гр лешници (сечкани)
Крем
  • 400 гр крем сирење
  • 250 гр маскарпоне
  • 100 гр бело чоколадо
  • 200 мл крем за готвење (неутрален)
  • 60 гр шеќер во прав
  • 1 пакетче Желатин (во прав, 10 гр)
  • 100 мл сок од лимон (3-4 лимони)
Декорација
  • 1 лимон (органски)
  • 2 лажици фстаци (ситно сечкани)

Подготовка
 

  1. Да почнеме со подготовка на основата. Во мало тенџере ставете го путерот и загрејте го на тивок оган додека не стане течен. Може и во микробранова печка.
    125 гр путер
  2. Ставете ги бисквитите во сецко и сомелете ги. Доколку сакате, бисквитите можете да ги ставите во кесичка за замрзнување, да ја затворите и со сукало ситно да ги истолчете.
    200 гр бисквити
  3. Во сад ставете ги мелените бисквити и растопениот путер и убаво измешајте да добиете хомогена маса. Додадете ги сечканите лешници и промешајте.
    200 гр бисквити, 125 гр путер, 20 гр лешници
  4. Истурете ја смесата за основата во подмачкан калап за торта, рамномерно распоредете и цврсто притиснете надолу.
  5. Подготовката на кремот започнува со цедење на лимоните. За 100 мл сок обично се доволни 3 лимони. Како да се зголеми приносот на сокот е напишано во белешката.
    100 мл сок од лимон
  6. Изматете го неутралниот крем за готвење и ставете го во фрижидер.
    200 мл крем за готвење
  7. Растопете го белото чоколадо на водена бања.
    100 гр бело чоколадо
  8. Во сад за матење додадете го маскарпонето, крем сирењето, сокот од лимон и желатинот. Шеќерот во прав просејте го низ сито. Состојките за кремот измешајте ги со рачен миксер до хомогена маса.
    400 гр крем сирење, 250 гр маскарпоне, 100 мл сок од лимон, 1 пакетче Желатин
  9. Во кремот додадете го растопеното чоколадо и измешајте.
  10. Додадете го изладениот шлаг крем во кремот и промешајте.
  11. Истурете го кремот врз основата од бисквити и рамномерно распоредете.
  12. Ставете ја тортата во фрижидер 3-4 часа, да се стегне.
  13. Исечете го лимонот на тенки кришки.
    1 лимон
  14. Откако ќе се излади тортата, извадете го прстенот од калапот, украсете со парчиња лимон и фстаци и послужете.
    2 лажици фстаци
    Limon-Torta so krem sirenje i belo cokolado-Serviranje-bellakujna

Нутриент

Нутритивни факти
Лимон-Торта со крем сирење и бело чоколадо
Количина по порција
Калории
514.2
% Дневна вредност*
Масти
 
36.9
g
57
%
Јаглехидрати
 
35
g
12
%
Протеини
 
10
g
20
%
* Процентуални дневни вредности на хранливи материи на просечен возрасен (8400 kj/2000 kcal) според Регулативата (ЕУ) бр. 1169/2011.

Забелешка

Пред да ги исцедите лимоните, неколку пати ролајте ги лимоните напред-назад на работната површина, притискајќи цврсто, за да испуштат повеќе сок.

Нашиот Инстаграм

Заследете @bellakujna!