Go Back
–+ servings
Krem supa od grasok so jabolko-Recept-bellakujna

Крем супа од грашок со јаболко

Кремаст деликатес со одличен вкус и убав изглед, не само за студените денови.
Сподели
Припрема 50 minutes
Вкупно 50 minutes
Порции: 4 Порции
Јадење: Супи
Потекло: Германија
Калории: 272.9kcal

Состојки
  

  • 600 гр грашок (замрзнат)
  • 1 кромид
  • 1 јаболко (кисело, Боскоп)
  • 1 морков
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажици магдонос (грубо сецкан)
  • 100 мл крем за готвење (неутрален)
  • 100 гр кисела павлака
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка вегета
  • 1 лажичка бибер (свежо мелен)
  • 1 лажичка буковец (благ или лут - во зависност од вкусот)
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1000 ml вода (врела)

Подготовка
 

  1. Излупете и исечкајте ги на коцки кромидот, морковот и лукот.
    1 кромид, 1 морков, 2 чешниња лук
  2. Измијте, сортирајте и крупно исечкајте го магдоносот.
    2 лажици магдонос
  3. Јаболкото излупете го, исечете го на четвртинки, извадете го јадрото и исечете го на големи парчиња.
    1 јаболко
  4. Во тенџере за супа ставете го маслото, кромидот и морковот и пржете ги додека парчињата кромид ќе почнат да стануваат прозирни, додадете го лукот и кратко пропржете.
    2 лажици маслиново масло
  5. Додадете го грашокот и пржете уште малку.
    600 гр грашок
  6. Додадете го јаболкото и измешајте.
  7. Зачинете со сол, бибер, вегета и буковец.
    1 лажичка вегета, 1 лажичка бибер, 1 лажичка буковец, 1 лажичка сол
  8. Истурете ја врелата вода, ставете го капакот и динстајте на средна температура 20 до 30 минути.
    1000 ml вода
  9. Кога ќе истече времето за готвење додадете ги павлаката, кремот за готвење и магдоносот.
    100 мл крем за готвење, 100 гр кисела павлака
  10. Измиксирајте со рачен блендер до кремаста супа.
  11. Пробајте, дозачинете по потреба, сервирајте и послужете.
    Krem supa od grasok so jabolko-Serviranje-bellakujna

Нутриент

Нутритивни факти
Крем супа од грашок со јаболко
Количина по порција
Калории
272.9
% Дневна вредност*
Масти
 
12.5
g
19
%
Јаглехидрати
 
24
g
8
%
Протеини
 
11.4
g
23
%
* Процентуални дневни вредности на хранливи материи на просечен возрасен (8400 kj/2000 kcal) според Регулативата (ЕУ) бр. 1169/2011.

Нашиот Инстаграм

Заследете @bellakujna!